Директорот на Агенцијата за медиуми за шест месеци потрошил 102.000 за авиобилети и 90.000 за хотели

825

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја објави листата на трошоци на директорот Зоран Трајчевски за периодот од 1 јули до 31 декември 2018 година.

Во втората половина на минатата година, тој има направено трошоци во вкупен износ од 294.742 денари и тоа по следните ставки:

  1. При патувања во странство – 192.430 денари од кои:
  • за авионски билети – 102.857 денари и
  • за хотелско сместување – 89.573 денари.
  1. Трошоци за репрезентација во Република Македонија – 83.040 денари од кои:
  • угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 40.100 денари и
  • угостителски услуги со дипломатски и претставници на државни институции – 42.940 денари.
  1. За службен мобилен телефон – 19.272 денари

Од Агенцијата потсетуваат и дека како отчет за своето работење, доставуваат годишни извештаи до Собранието на Република Македонија. Истите се објавуваат на веб страницата на Агенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...