Филипче во проверка до каде е реконструкцијата на „Св. Наум Охридски“ 

437

Во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ комплетно се реконструира третиот кат од болницата. Станува збор за одделот за детска хирургија и пластична хирургија. Се доградува делот каде ќе се постави нов лифт, кој ќе биде поврзан со таканаречен „топол ходник“, низ кој ќе бидат транспортирани пациентите од влезот на болницата до одделенијата или операциските сали.

Ова е констататирано од увидот на министерот за здравство Венко Филипче, кој вчера ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде се реконструраат речиси сите одделенија.

Од Министерството за здравство информираат дека Филипче се сретнал со дел од медицинскиот персонал, каде се информирал за состојбата и условите за работа во болницата, но и ги информирал вработените за сите новини, кои ги спроведува Министерството за здравство, а се од полза за медицинскиот персонал и пациентите.

– Во моментов се реконструира вториот кат и првиот кат, западно крило. На првиот кат се реконструира одделението за урологија, а на вториот кат одделението за дигестивна хирургија, соопшти Министерствот.

Клиниката има 350 вработени и во неа годишно се вршат од 3.500 до 4.000 операции. Во моментов работат сите пет операциски сали. Болницата, засега работи во намален обем, но без прекини, а реконструкцијата-санацијата се одвива во етапи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...