Канцеларката Ангела Меркел е една од жртвите на хакерски напад во кој се објавени лични податоци на германски политичари, вклучувајќи податоци за нивни кредитни картички и броеви на мобилни телефони, пренесува „thelocal.de“.
Бројот на нејзиниот факс, имејл адресата и неколку писма се меѓу податоците кои протекоа на интернет преку профил на Твитер за кој не се знае кој го контролира.
Хакирањето било откриено доцна синоќа, а погодени се сите поголеми германски партии освен крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).
Германската министерка за правосудство Катарина Барли го осуди „сериозното“ протекување лични податоци на политичарите на интернет нарекувајќи го напад врз демократијата.
– Извршителот на нападот сака да ја урне довербата во нашата демократија и нашите институции – рече таа додавајќи дека извршителите итно мора да бидат најдени и да се открие мотивот зад нападот.
ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER