Во екот на сезоната, патот кон Деве Баир неисчистен од снег (ФОТО)

522

Затрупан со снег и неисчистен е патот од Крива Паланка кон граничниот премин со Бугарија, Деве Баир, кој деновиве е мошне фреквентен поради тоа што многу граѓани од Македонија одат на зимување во некој од популарните бугарски зимски центри.

Оваа слика, за жал, е иста во овој период од годината. Патот не се одржува и не се чисти од снег редовно, туку се остава затрупан со што се отежнува движењето на сите видови возила, како и безбедноста во сообраќајот.

Денеска, откако падна првиот поголем снег во овој дел од земјата, сообраќајот е отежнат, а товарните возила се движат со синџири.

Иако АМСМ редовно известува за состојбата на патиштата и советува за безбедно возење и прилагодена брзина, сепак, за овој дел од патот нема никакво известување во каква состојба е, ниту предупредување до граѓаните.

Како и да е, ако се спремате за пат кон Бугарија, очекувајте снег на патот и возете мошне внимателно и полека.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...