Жена од Свети Николе, на возраст од 57 години, заврши во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако а удри автомобил на магистралниот пат Штип-Велес, кај крстосницата Овче Поле.
Со возилото управувал 48-годишен скопјанец. Жената пешак прво била однесена во штипската болница, но поради сериозноста на повредите е префрлена во Скопје.