Попладне средба Заев – Касами

463

Премиерот Зоран Заев денеска на средбата која треба да се одржи во 16 часот во Владата ќе се обиде да го убеди претседателот на опозициската Беса, Билал Касами да ги поддржи уставните измени. Заев е оптимист дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство и дека процесот на имплементацијата на Преспанскиот договор ќе заврши успешно, и порано од предвидениот датум за гласање на амандманите предвидено за 15 јануари, бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во расправата, но и дека поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.

Заев најави дека  очекува сериозност и одговорност од опозициските лидери на Беса и на Алијансата за Албанците, Касами и Зијадин Села, односно поддршка на интеграциските процеси.

Од Беса ја потврдија денешната средба помеѓу премиерот и Касами, но и резервираноста за поддрдшка на уставните измени доколку Заев нема слух за нивните амандмани.

Неофицијално, до вчера немало контакти за средба помеѓу премиерот и лидерот на Алијансата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...