Мадона ги чита коментарите по социјалните мрежи, пренесува „E! News“. Таа одговори на критиките за нејзиниот задник, кој стана мета на многумина, откако излегоа видеа од нејзиниот настап за Нова година.
– Очајно ми треба ничие одобрување. Имам право на моето тело како сите други. Благодарам 2019! Ќе биде прекрасна година – напиша таа додавајќи хаштази за слобода, респект, без страв и без дискриминација.
Нејзиниот задник, за кој многумина се прашуваа дали е дело на Фотошоп или на пластична операција, на видеата и фотографиите изгледа значително поголем.
Ѕвездата на сцената беше заедно со нејзиниот 13-годишен син, кој свиреше на гитара.
ФОТО: Инстаграм