Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар.
Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека на регионалниот пат од село Рогачево до граничен премин Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.
Се уште се во сила забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата