Дачиќ добива анонимни закани

248
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ добива аноними писма со заканувачка содржина, пишува „Курир“.

Како што наведува изворот на весникот, заканите упатени кон Дачиќ, како и кон неговото семејство, пристигнуваат неколку пати месечно, а напишани се рачно.

Најчести се заканите од Хрватска, Албанија и Косово, наведува соговорникот на „Курир“ и додава дека исти лица ги испраќаат повеќе пати.

Според него, протоколот е таков што за секоја закана мора да се пријави во полиција и во Безбедносно информативната агенција (БИА).

Дачиќ за „Курир“ изјави дека долго време се занимава со политика при што се навикнал на закани и оти не го интересираат.

ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...