Абер Сејкали е жена што инспирира. Таа измисли бегалски кампови што собираат дождовница и складирање на сончева енергија.
Од 2011, сириската граѓанска војна креираше една од најголемите хуманитарни катастрофи во светот. Според Обединетите Нации, таа допринесе за околу 13.5 милиони Сиријци внатрешно раселени или бегалци кои не се од Сирија, пренесува „egyptianstreets.com“.
Соочувајќи се со тежината да се најде засолниште и дом, наградената јорданско-канадска архитектка Абер Сејкали, била инспирирана да дојде до решение со кое би му го олеснила животот на бегалците.
Својот дизајн го нарекла „Ткаењето дом“. Таа користи уникатна структурна ткаенина, составена од пластични цевки со висока цврстина, изработени во кривите на синусните бранови, кои можат да се прошират и да се прикријат за време на различни временски услови, а исто така да се расчленуваат за да се олесни мобилноста и транспортот.
Покрај тоа, шаторот може да собира дождовница и во него се обезбедуваат основни санитарни услови како на пример туширање, бидејќи дождовницата се собира од врвот на шаторот и ги филтрира страничните страни на џебовите за складирање.
Преку својот иновативен инженерски дизајн, шаторот, исто така, може да ја апсорбира соларната енергија и да ја трансформира во електрична, која се чува во специјални батерии.
Иако проектот се уште е во развој од 2013 година, Сејкали се надева дека планот ќе биде достапен за бегалците наскоро, откако ќе биде финализиран.
Причината зошто толку долго трае сето тоа, се должи на тешкотиите во трансформирањето на дизајнот во производ. Таа сака да биде сигурна дека ќе бидат активни сите предвидени можности, како што се собирање на вода и соларна енергија.
ФОТО: egyptianstreets.com