Здружението на педијатри ги поддржува сите мерки за вакцинирањето против морбили

121

Здружението на педијатри на Република Македонија ги поддржува сите мерки што ги презема Министерството за здравство во однос на вакцинирањето на децата кои не се вакцинирани со МРП вакцината – соопштија вечерва од ова Здружение.

Повикот е од особена важност за децата кои се во потенцијален ризик или се опкружени со лица во потенцијален ризик и истите треба да бидат веднаш вакцинирани со цел намалување на ризикот на и така намалениот колективен имунитет. Со тоа се намалува ризикот за пренесување на малите сипаници – морбили,  кај децата и кај повозрасната популација. Со вакцинацијата, како што се нагласува,  се намалува ризикот од заболување од морбили, а со тоа и опасноста од можните компликации кои можат да бидат многу сериозни и смртоносни.

– Важноста на педијатарот во имунизацијата е исклучителна и единствена, бидејќи тој е компетентен во проценувањето на здравствената состојба на детето и е одговорен за навремено информирање на родителите во однос на здравствената заштита на детето и имунизацијата. По претходно утврдена здравствена состојба на детето, со вакцинирањето се спречуваат несакани грижи за здравјето на децата. Вакцините се безбедни и квалитетни – се вели во соопштенето, потпишано од претседателката на  Здружението, проф. д-р Аспазија Софијанова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...