Внимателно, коловозите со остатоци од кашест снег

102

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Во југозападниот дел од Македонија паѓа снег со среден интензитет.

На планинскиот превој Ѓавато задолжително е употреба на зимска опрема (ланци ).

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража сѐ уште се на сила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...