СДСМ: Да се расветли палењето на викендицата на Ристески

426

Креирањето насилство, конфликти и нетрпеливост помеѓу граѓаните беа одлика на 12 годишниот криминален режим на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Ги повикуваме институциите да го расчистат случајот со палењето на викендицата на координаторот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, за коешто денес ја извести јавноста, реагира  Општинската на СДСМ од Прилеп.

„Наместо да го вперува прстот во СДСМ, надевајќи се дека ќе заработи ситни дневно политички поени, нека погледне во сопствените редови и нека расчисти со внатрепартиските натпревари за позиции.  Методите на закани, притисок, уцени, закани по безбедноста на граѓаните и нивниот имот, никогаш не биле поддржани од СДСМ и нашите членови. Таквите методи останаа запамтени во колективната мерморија на граѓаните како симбол на деструктивното, криминално и корумпирано владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 12 години“, се вели во соопштението на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...