Нови петмина амнестирани за 27 април, бројката се искачи на 25, a може и да се зголеми

Со денешните пет решенија, Кривичниот суд се произнесе за сите 66 барања кои стигнаа во двата оддели, 37 во Одделот за кривично полнолетни и 29 во Одделот за организиран криминал. Прифатени се вкупно 25 амнестии, а одбиени 41.

2657
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Уште пет лица добија амнестија за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, соопшти Кривичниот суд.

Станува збор за петмина кои беа осудени за учество во толпа, кои првично добија условна казна, а потоа пресудата беше преиначена со затворска.

Покрај денешните амнестирани, уште петмина други осудени за ова дело пред Нова Година добија амнестија.

Со денешните пет решенија, Кривичниот суд се произнесе за сите 66 барања кои стигнаа во двата оддели, 37 во Одделот за кривично полнолетни и 29 во Одделот за организиран криминал. Прифатени се вкупно 25 амнестии, а одбиени 41.

Покрај 10-те амнестирани за учество во толпа, амнестија добија 15 обвинети од вкупно 33 кои се дел од актуелниот судски процес за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Амнестирани од овој случај се: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Илија Славески и Митре Питроповски.

Побараа, но не добија амнестија: Горан Јошевски-Леви, Александар Василевски-Нинџа, Горанче Ангеловски Ќосето, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Никола Митревски-Кољо, Вилијам Михајловски, Митко Пешов, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Младен Додевски, Влатко Трајков, Оливер Поповски.

Воопшто не побараа амнестија пет лица: Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ.

Амнестија сакаше и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, кој е осомничен за „здружување заради непријателска дејност“, но тоа дело не подлежи на амнестија, па неговото барање беше отфрлено. Тој се наоѓа во затворот во Шуто Оризари, а денеска притворот му беше продолжен за нови 30 дена.

Сепак, вкупната бројка на амнестирани – 25, може да расте бидејќи оние кои не добија амнестија имаа можност да се жалат до Апелацискиот суд во Скопје. Оттаму, сѐ уште не соопштуваат бројка колку жалби добиле, но имаат рок од 3 дена да одлучат.

ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...