Не се станува голем доколку народот го буткаш во лажен патриотизам во кој и корења ќе јаде ама името нема да го даде. Ниту се станува голем ако симпатизерите и членовите ги туркаш против секој потег на владата само затоа што си опозиција која се бори да ја смени власта. Не се освојува власт на тој начин, друже Мицкоски.
Не се станува Лидер, бе Мицко, доколку не умееш да ги согледаш жртвите кои ги прави власта за ди ги сочува мирот и стабилноста, да го спречи крвопролевањето, да ја однесе државата во НАТО и ЕУ, таму каде што би ја однел и ти кога би бил власт, на истиот начин како што сега тоа го прави твојот политички ривал. Не се станува Лидер со паѓање на колена пред стотина души у Штип, ниту се покажуваат „муда“ за значајни чекори во интерес на државата и граѓаните. Не се станува Лидер бранејќи го претходниот кој и тебе и сите други кои го тетовиравте во срцата и на јајцињата, кидна со голем дел од украдените пари, „стекнати“ (опљачкани), токму во името на тој лажен патриотизам…
Не го понижуваш, да се разбереме, ниту му ја намалуваш довербата кај граѓаните, оставајќи го јавно или тајно да преговара и да се договара, да биде уценуван за да амнестира идиоти од твоите редови во Парламентот, луѓе, кои, не ти, бе Мицко, туку оној киднатиот ги постави, крвници и соучесници во обид за државен удар за него да го спасат, не државата. Ги заболе курот односно дундата таквите патриоти и за тебе и за нас граѓаните. И плус тоа, дозволуваш твојот политички ривал да се потпира на тотално неважечките гласови на Авировиќка, на Амди и сличните, кои, во името на личната слобода и комодитет секогаш се подготвени самите да се изневерат, а камо ли мене и тебе, бе Мицко. Тие, јасно и гласно ти покажаа дека тебе те изневеруваат и оној киднатиот. Ваквите, утре, пак ќе ги отворат вратите ако во тоа гледаат лична корист.
Ти текнуе ли бе друже Мицко? Се станува Голем Лидер тогаш, кога ќе ги дадеш твоите гласови за апла, за очигледен долготраен интерес за Македонија, Северна или Горна, сеедно, и ќе ги заебеш продадените души кои сега ја цицаат крвта од власта, за да се спасат себе. За Македонија курот ги заболе, бе Мицко. Да се биде Голем ем Лидер, не е заебанција, друже Мицко..
Среќна Нова година, друже Мицкоски…