Барбара Стрејсенд: Ме исмеваа поради мојот изглед

Никогаш не бев како оние девојки со мали носиња. Можеби тоа е причината, вели Стрејсенд.

604

Американската актерка и пејачка Барбара Страјсенд изјави дека, иако никогаш не доживеала сексуално вознемирување за време на нејзината кариера, сепак била жртва на малтретирање од медиумите поради нејзиниот физички изглед.

– Никогаш не бев како оние девојки со мали носиња. Можеби тоа е причината – вели Стрејсенд одговарајќи на прашањето дали некогаш била цел на сексуално вознемирување.

Така, актерката остро го критикуваше сега веќе починатиот ТВ новинар Мајк Волас, за кого рече дека претерал со болните прашања упатени кон неа при едно интервју во 1991 година. По интервјуто, Стрејсенд му се јавила на Волас да протестира, но тој, веќе во наредната емисија, излажал дека на пејачката ѝ се допаднало интервјуто.

Стрејсенд доби Оскар за најдобра оригинална песна, за „Еvеrgrееn“ oд 1977, главната песна од филмот „Ѕвездата е родена“. Таа доби Оскар и за главна женска улога – во филмот „Забавна девојка“ од 1968 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...