Шпанскиот тенисер Рафаел Надал верува дека ќе биде сто отсто подготвен за Грен слемот Австралија опен.
Надал го објасни откажувањето од турнирот во Бризбејн.
– По долг период без учество во турнирите, почувствував болка во мојата нога. Испитувањата покажаа мало истегнување на левиот бутен мускул. Јас се обидов и сакав да играм, но тоа е тоа. Сега се чувствувам добро за разлика од пред четири дена. Очекувам да бидам фит 100 проценти до почетокот на Австралија опен – изјави надал.
Вториот светски рекет поради повреда не го комплетира полуфиналето на УС опен против Хуан Мартин дел Потро минатата година. Имаше операција на глуждот и паузираше на крајот од сезоната.
Првиот Грен слем во новата сезона ќе се игра од 14-27 јануари во Мелбурн.
ФОТО: EPA/MARK LYONS