Барби атрактивна и по шест децении

83

Светски популарната Барбика годинава ќе го прослави 60-от роденден, и сѐ уште „не се дава“, бидејќи годишно се продаваат по 58 милиони кукли во над 150 држави.

– Во индустријата за играчки каде што успехот трае од три до пет години, 60 години е навистина голема работа – изјави генералната директорка на брендот, Лиза Мекнајт.

Барби своето деби го имаше на 9 март 1959 година на саем за играчки во Њујорк. Оттогаш се продадени неколку милијарди кукли низ целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...