На претседателските избори кои вчера се одржаа во Русија, на гласањето, на гласачко место во областа Бурјатија, се појави необичен гласач – облечен во костим на мечка.
Комисијата регуларно ја легитимираше „мечката“, ја најдоа на избирачкиот список, по што ѝ дадоа лист и пенкалце за да го оствари своето право на глас.
Поради правото на „мечката“ на тајност при гласањето, не се соопштува за кого „таа“ гласала.