Претседателските избори ќе се распишат на 3. февруари, a по гласањето на уставните измени на 15. јануари, партиите интензивно ќе започнат со преговори за избор на свој кандидат, јави Телма. СДСМ и ДУИ ќе водат разговори да настапат со заеднички кандидат. Имиња не се откриваат, но како најсериозни кандидати ги посочуваат Никола Димитров, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Имер Селмани. Само на ваков начин, велат, може да се очекува убедлива победа уште во првиот круг.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го избира кандидатот на оглас кој ќе се распише на 11 јануари.
Повеќе за ова на Телма.