УЈП сепак го продолжи рокот, и од утре може да се регистрирате

1013

Управата за јавни приходи сепак го продолжи рокот за регистрирање на даночна пријава, kој официјално истече на 31. декември 2018.

Регистрацијата ќе може да се направи и утре и во наредните денови, изјавиле од УЈП за 24 Вести.

Првичната бројка е 650.000 поднесени даночни пријави, а проектирано беше дека тоа треба да го направат 920.000 граѓани, а во оваа бројка влегуваат десетици илјади пензионери кои се ослободени од оваа обврска.

Даночниците ќе се обидат да стапат во контакт и со тие кои воопшто не покажале интерес, бидејќи, како што велат од Управата, не им е целта да казнуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...