Договорот за името помеѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) се очекува да биде ратификуван во парламентот на ПЈРМ порано отколку што се очекуваше, најверојатно до 10 јануари, што значи дека т.н. Преспански договор ќе дојде и до грчкиот парламент, пишува „Катимерини“ наведувајќи и дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг испратил писмо до премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Се чини дека премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, го забрзува процесот на спроведување на договорот Скопје откако генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, наводно, испратил писмо до Скопје и Атина, повикувајќи договорот да биде одобрен во двата парламента до 15 февруари за да може оваа балканска нација може да се приклучи на Алијансата без понатамошно одложување“, наведува „Катимерини“.
Весникот потсетува и дека портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, изјавил дека Ципрас по 18 јануари ќе одлучи кога Договорот ќе биде поднесен за ратификација во грчкиот парламент.
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ