Комисијата за заразни болести можно е денеска да прогласи епидемија на мали сипаници во Скопје, откако се регистрирани шест нови случаи на морбили во Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.
Од заразените со мали сипаници пет се деца, а еден е возрасен. Ниту едно од децата не било вакцинирано.
Од Министерството за здравство најавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации откако ќе заврши седницата на Комисијата за заразни болести.
Последните контроли на Центарот за јавно здравје покажаа дека вкупно 15 илјади деца на возраст до 14 години не се вакцинирани.