Јануарската плата со нови стапки на придонеси, кои се тие?

Компаниите ќе треба да ја преземат и новата верзија на клиентски софтвер на УЈП МПИН клиентскиот софтвер (од 31.12.2018 година), преку веб страницата на УЈП

2836

Со исплатата на јануарската плата стапуваат на сила и новите стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување, соопшти Управата за јавни приходи која подготви и нов нсачин на пресметка.

Според измените на законот стапките по кои ќе се плаќаат придонесите се следните:
Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување
Придонес за задолжително здравствено осигурување
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци
Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци.

Вид на придонес Стапка
2019
Стапка
2018-2010
Стапка
2009
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,4% 18% 19%
Задолжително здравствено осигурување 7,4% 7,3% 7,5%
Дополнителен придонес за здравствено осигурување
за случај на повреда на работа и професионално заболување
0,5% 0,5% 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2% 1,4% 1,4%
Придонес за стажот на осигурување
што се смета со зголемено траење
Стапка
2019
Стапка
2018-2011
Стапка
2010
Стапка
2009
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9,20% 9% 9% 9,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,67% 7,5% 7,5% 7,92%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6,13% 6% 6% 6,33%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,60% 4,5% 4,5% 4,75%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 3,07% 3% 3% 3,17%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 1,53% 1,5% 1,77% 1,77%

 

Исто така почнувајќи со исплатата на јануарската плата ќе се применува месечно даночно намалување во износ од 8.000 денари, односно даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход за 2019 година изнесува 96.000 денари.
Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 96.000 денари. Даночното намалување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 8000 денари.

Од УЈП информираат и дека компаниите ќе треба да ја преземат и новата верзија на клиентски софтвер на УЈП МПИН клиентскиот софтвер (од 31.12.2018 година), преку веб страницата на УЈП.
Пресметката за плата МПИН се доставува преку интернет, на следната е-пошта.
При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, пресметките за плата се доставуваат одделно, за секој даночен обврзник. Но затоа пак веќе еднаш доставената пресметка за плата не се доставува повторно по е-пошта и во даночните канцеларии на УЈП.
УЈП на компаниите ќе им достави декларацијата и налогот за плаќање на електронската пошта, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Доколку компанијата доставува пресметка за плата која се однесува на минат период од 2009 до 2018 година, или пак врши исплата по основ на деловна успешност или исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.

-При исплатата на плата за период од 2009 до 2011 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ЧЕТИРИ просечни месечни плати, додека за исплатата на плата за период од 2012 до 2014 година највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ШЕСТ просечни месечни плати.

-За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување за месец ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ 2015 година не се применува највисоката основица за придонесите, a пресметките за месец МАРТ 2015 дo АВГУСТ 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ДВАНАЕСЕТ месечни просечни плати, за примањата од работен однос и за примања по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, а износот од ОСУМ просечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.

-За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување од месец СЕПТЕМВРИ 2015 година до ДЕКЕМВРИ 2017 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од ДВАНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонесите за примања од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, а износот од ОСУМ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.

-За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување за 2018 и 2019 година, највисока основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од ШЕСНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примања од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, а износот од ДВАНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...