Браќа побегнале од затвор во Атина

289

Со кука и импровизирано јаже, двајца затвореници вчера побегнале од атинскиот затвор „Коридалос“.

Претходно ги пресекле решетките од ќелијата, стигнале до мал надворешен дел од затворот каде што немало чувари и со помош на кука и импровизирано јаже го прерипале надворешниот ѕид во височина од околу шест метри и излегле од затворот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, станува збор за двајца браќа Албанци, осудени за кражби, а бегството, кое е регистрирано и на безбедносните камери, се случило вчера во 20.40 часот по локално време.

При пребројувањето на затворениците утрово било забележано дека две лица се отсутни, по што и било откриено дека двајцата Албанци побегнале, а биле пронајдени и јажето и куката.

Грчката полиција трага по двајцата затвореници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...