Зафиров: Кога му бев обезбедување на Груевски добивав по 1.000 честитки, сега 50

3803

Поранешниот член на обезбедувањето на избеганиот експремиер Никола Груевски, Тоше Зафиров, кој беше и државен шампион на Македонија во бодибилдинг, за Нова година на социјалните мрежи напиша честитка во која раскажа како се намалил бројот на пријатели кои му ги честитаат новогодишните празници.

„Си беше еднаш едно време кога бев обезбедување кај едно човече и тогаш за Нова година добивав околу 1.000 пораки со честитки за Новва Година, потоа не бев кај човечето и бројкаа се намали накај 300-350. За после некое време, кога го заборавивме човечето и таа се намали накај 50-тина, но барам си знам малку се, но сепак искрени пријатели се. Ете таква е оваа приказна. Среќна Нова 2019 год“, напиша Зафиров на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...