Две жени рано изутринава ја прекршиле вековната забрана за влез во храм во Индија, во сојузната држава Керала, изјави премиерот на таа држава, Пинараји Видџајан.
Според некои западни медиуми, неговата изјава би можела да предизвика големо незадоволство кај конзервативните Хиндуси.
На видео снимката која ја објави полицијата, се гледаат две жени внатре во храмот со прекриено лице.
Видџајан на прес-конференција истакна дека двете жени претходно имале неуспешен обид да влезат во храмот, но дека тоа денеска им успеало. Не е јасно како успеале да поминат покрај чуварите на храмот.
Минатата година избија насилни протести во државата Керала бидејќи Врховниот суд на Индија во септември донесе пресуда со која на властите им се наредува укинување на забраната на жените за влез во храм, кој годишно го посетуваат милиони верници.
#WATCH Two women devotees Bindu and Kanakdurga entered & offered prayers at Kerala’s #SabarimalaTemple at 3.45am today pic.twitter.com/hXDWcUTVXA
— ANI (@ANI) January 2, 2019