Пешак на возраст од 40 години е повреден во сообраќајка во Скопје, откако во него удрил автомобил „мерцедес“, а возачот со возилото избегал.
Несреќата се случила два часа по Нова Година на булеварот „Јане Сандански„.
По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.
Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.