Интерсексуалците признати во Германија

187
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб / Курир.рс

Во Германија од вчера стапи на сила закон кој им овозможува на луѓето кои биолошки не се вклопуваат ниту во машки, ниту во женски пол, да изберат трета опција во своите службени документи.

Законот бил изгласан во август, а потврден минатиот месец, пренесува „Курир.рс“.

Припадниците на ЛГБТИ заедницата се изјасниле дека оваа мерка не е доволна бидејќи бил потребен сертификат од лекар со кој се докаува дека личноста е интерсексуална.

Тие бараат закон со кој ќе им се олесни животот на луѓето кои не се идентификуваат со полот со кој се родени.

Интерсексуални луѓе се родени и со машки и со женски полни карактеристики, кои можат да се појават и подоцна во животот, пренесува британскиот Индепендент.

Според податоците на Обединетите Нации, 1,7 отсто од светското население родено е со интерсексуални карактеристики.

ФОТО: Принтскрин / Јутјуб / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...