Протестот е уставно право, граѓаните имаат право да протестираат. Но, не се дозволиви протестите пред децата на семејствата на пратениците, пред нивните најблиски, се крши приватноста, се омаловажуваат личности, изјави премиерот Зоран Заев за сѐ позачестените протести пред домовите на пратениците на СДСМ во знак на револт од нивното гласање за Законот за употребата на јазиците.
– Нема да дозволиме ова да продолжи. МВР ќе преземе соодветни дејства против омаловажувањата и заканите. Децата мора да бидат заштитени. Со овие протести се прават неколку кривични дела – рече Заев.