Првиот ден во годината сончев, од утре снег

544

Денеска, првиот ден од новата година, ќе биде сончев.

Под влијание на студен и влажен бран утре попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава.Како што информира УХМР, насекаде ќе се формира новаснежна покривка, на западот и југот околу 10 сантимети, на планините и над 20 сантиметри, а најмала во североисточните делови, околу пет сантиметри.

Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.Во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота.

 

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...