Водачот на навивaчите на северната трибина на „Џузепе Меаца“, Марко Пиовела, е уапсен, известува „Газета Дело Спорт“.
Италијанските власти го обвинуваат навивачот поради тешките борби околу натпреварот помеѓу Интер и Наполи.
Се верува дека Пиовела, наречен „Ил Росо“, е меѓу организаторите на заседата против неаполските навивачи.
Во присуство на неговиот адвокат, лидерот на групата „Бојс“ призна дека бил присутен на местото на настанот, но негира дека е меѓу „конструкторите“ на крвавиот судир, во кој загина фан на Интер.