Осум пати пониско од просекот за декември е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Драстично намалување бележат и Сатеска кај Ботун, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци, како и Кирва Река кај Крива Паланка.
Пониски водостои од просекот се измерени и на Вардар кај Велес, Јегуновце, Демир Капија и Скопје (Зајчев Рид), како и на Брегалница кај Штип.