Хуманитарна трка: Да трчаме заедно со децата и за децата со Даунов синдром

86

Годинава по трет пат ќе се одржи хуманитарната трка за децата со Даунов синдром. Трката ќе биде во недела на 25 март со почеток во 11 часот во Градски парк во Скопје.

Трката е организирана од Мечувалечки клуб „Ескрим“ под мотото „И ние го можеме истото како и сите!“.

Со овој настан организаторот сака да ја подигне свеста за Даунов синдром поттикнувајќи ги останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата да се вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за сите деца. За нив спортувањето е од големо значење затоа што преку спортот ја развиваат моториката, координацијата, одржување на баланс и тонусот на мускулите. Сите овие работи се многу важни за нивниот понатамошен самостоен живот. Со спортувањето добиваат можност за социјализација и децата стекнуваат нови пријателства и се развиваат. Инклузијата дава исклучителни резултати во нивниот живот.

Трката ќе започне од „Школка“ во Градски парк. Собраните средства од самите пријави ќе се искористат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за лица со Даунов Синдром.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...