Граѓаните кои сѐ уште не се регистрирале на системот за електронска даночна пријава имаат уште еден ден да го направат тоа.
Регионалните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП), електронска регистрација ќе прават заклучно со утрешниот ден до 16 часот и 30 минути.
Управата за јавни приходи информираат дека во последните десетина дена огромен процент од граѓаните ја завршиле оваа обврска и останати уште мал број на даночни обврзници за коишто очекуваат дека електронски ќе се регистрираат до крајниот рок.