МВР: Возачот на Ахмети е приведен пред пет дена

Тој е приведен во Полициска станица Карпош, поради сомнение дека на патничкото моторно возило „ауди" кое го управувал има регистарски ознаки од друго возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

2668

Возачот на лидерот на ДУИ, Али Ахметие приведен на 25.12.2018 година поради тоа што управувал возило со регистарски таблички од друго возило, информира  МВР.

– Ш.И.(44) од село Зајас кичевско е приведен на 25.12.2018 година во Полициска станица Карпош, поради сомнение дека на патничкото моторно возило „ауди” кое го управувал има регистарски ознаки од друго возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

Случајот, додаваат од таму, е објавен и во извадокот од дневните настани на сајтот на МВР на 26.12.2018.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...