Здружението „Љубезност“ по четврти пат организира хуманитарна акција со цел да им се разубават празниците на бездомниците и социјално ранливите семејства. Апелираат вишокот храна од празнувањето дома или во ресторан да не се фрли, туку да се донира.
Храна се донира постојано – не само за празниците како Нова Година, Божиќ и Велигден, туку отворени пунктови има и секоја сабота пред споменикот на Мајка Тереза. Целта е да се крене свеста кај граѓаните да бидат похумани, но и кај институциите кои треба соодветно да ги згрижат овие лица.
Освен во Скопје, оваа година акцијата се организира и во Струмица. Сите кои сакаат да донираат храна, можат да контактираат здружението на 1-ви и 2-ри јануари на броевите:
078 263 792 – СКОПЈЕ и
077 687 834 – СТРУМИЦА