Во Гевгелија запален автомобил на грчки државјанин

Возилото е сопственост на Т.М. (67) од Република Грција, кој имал привремен престој во Гевгелија.

401

Автомобил „нисан“ со грчки таблички е запален денеска  на улицата Јане Сандански во Гевгелија.

Случајот во полиција го пријавила В.Р. (40), а како што соопшти полицијата, во пожарот на автомобилот нема повредени лица.

Возилото е сопственост на Т.М. (67) од Република Грција, кој имал привремен престој во Гевгелија.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...