Реприза на најпознатиот рок-фестивал на светот

Според организаторите, репризата на Вудсток ќе се одржи од 16 до 18 август 2019 година.

465

Најпознатиот рок фестивал во светот, што се одржа во август 1969 година во Вудсток, следната година ќе го одбележи 50-от роденден исто така со фестивал.

Според организаторите, репризата на Вудсток ќе се одржи од 16 до 18 август 2019 година.

„Луѓето пред 50 години дојдоа во мир, инспирирани од промените во светот преку музиката. Како чувари на историското место, одлучивме да ја зачуваме богатата приказна и дух, и да ја научиме младата генерација позитивно да придонесува за општеството преку музика, култура и духот на заедништвото“, се наведува во соопштението на Уметничкиот центар „Бетел Вудс“ (Bethel Woods Center for the Arts).

Голем број од ѕвездите на Вудсток се починати, меѓу кои Џенис Џоплин, Џими Хендрикс, но е предвидено да фестивалот да учествуваат Џоан Баез или групата Ху, која пред 50 години имаше настап.

Фестивалот во Вудсток се одржа во август 1969 година кога американското општество беше поделено поради војната во Виетнам.

Фестивалот, иако се очекуваше да биде посетен од 50.000 луѓе, присуствуваа околу 500.000, поради што Вудсток важи за најпознат одржан рок фестивал.

Фестивалот во Вудсток е најдобар пример за контракултура во 60-тите години и од хипи ерата. Пред 50 години настапија Баез, Карлос Сантана, Грејтфул дед, Криденс клировотер ривајвал, Ху, Џеферсон ерплејн, Џо Кокер, Џони Винтер, Џони Мичел, Џоплин и Хендрикс.

За фестивалот Вудсток снимен е и документарен филм во режија на Мајкл Водли, а монтажери на филмот беа Мартин Скорсезе и Телма Скунмејкер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...