Сакале да заработат 720.000 долари од црн кавијар, ама полицијата ги откри

Kавијарот е прокријумчарен од Тверската губернија, а потоа е дистрибуиран во луксузни продавници за храна во Москва.

756

Полицијата во Москва заплени околу 900 килограми шверцуван црн кавијар вреден приближно 720.000 долари, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи, Јуриј Титов.

Тој наведе дека кавијарот е прокријумчарен од Тверската губернија, а потоа е дистрибуиран во луксузни продавници за храна во Москва.

Против сите вмешани во шверцувањето на црниот кавијар покрената е истрага врз основа на кривичниот закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...