Ловџија со повреди во стомакот денеска е пренесен во Здравствениот дом во Крива Паланка.
Според информацијата што за Плусинфо ја потврдија од МВР, ловџијата е повреден за време на лов во село Паратлија, криваопаланечко.
– Денеска во 10 часот во полициската станица во Крива Паланка од страна на лекар од Здравствениот дом било пријавено дека било донесено лицето М.Р на 57 годишна возраст, од село Петралица. Настанот се случил во село Паратлија, место викано Чешмиче – изјви Лиза Бендевска од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.