Кирацовски: 2019 ќе биде година на економија, раст и развој (ВИДЕО)

За подобра живејачка се посветивме на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард.

71

Зад нас е една успешна година на економско и политичко придвижување на најважните процеси во државата. По години уназадување, изолација и економска стагнација, Македонија ита напред кон светла и сигурна иднина, кон членство во ЕУ и НАТО, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во новогодишната честитка до граѓаните.

– Успевме да го зачуваме идентитетот и да ги отвориме перспективите, да ја обезбедиме иднината на Македонија.Во фокусот беа темелите за иднината и тие се поставени. За подобра живејачка се посветивме на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард. Платите растат во сите сектори, се обезбедуваат се’ повеќе пари за секое семејство. Економијата се придвижи во вистинска насока, расте и индустриското производство, извозот, а невработеноста сериозно се намалува – вели Кирацовски.

Сето ова е дел од еден нов систем на вредности, нов однос кон граѓаните, кон економијата, кон иднината на државата и иднинте генерации.

– Драги сограѓани, празничните денови да ги дочекаме во радост, љубов и меѓусебна почит.Ви посакувам успешна, бериќетна и среќна нова 2019 година! – додава Кирацовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...