Заев: Да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации (ВИДЕО)

Преку изградба на пријателство со соседот Грција, одговорно затворивме спор што Македонија ја влечеше надолу цели 27 години. Избравме иднина, наместо неизвесна изолација. Денес, нашата држава е на чекор да стане 30- тата членка на најмоќната алијанса во светот, НАТО.

331

Иако предизвиците се големи, да се украсиме сите ние со храброст, одлучност и да ги направиме реалност нашите желби и цели – мирна и стабилна земја, во сојузништво и со членство во НАТО и ЕУ, глобална и праведна Македонија со економија која функционира за секого. Во тој дух да го поддржиме и да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации, вели во новогодишното обраќање, премиерот Зоран Заев.

Според него, 2018 година е една од најважните и најчувствителните години за нашата земја.

– Година на интеграциите. Да ги направиме реалност нашите желби и цели – мирна и стабилна земја, во сојузништво и со членство во НАТО и ЕУ, глобална и праведна Македонија со економија која функционира за секого. Ви посакувам успешна, економска и интеграциска година, добро здравје и ведар дух – вели тој.

Тој додадва дека Македонија ја градиме да биде богата и современа држава, во која сите граѓани ќе имаат пристоен живот и благосостојба, за себе и за своите фамилии, да биде земја на инвестиции и модерна инфраструктура, земја на солидарност и заедништво, каде сите ќе се почитуваме меѓусебно и ќе си помагаме.

– Преку изградба на пријателство со соседот Грција, одговорно затворивме спор што Македонија ја влечеше надолу цели 27 години. Избравме иднина, наместо неизвесна изолација. Денес, нашата држава е на чекор да стане 30- тата членка на најмоќната алијанса во светот, НАТО. Се подготвуваме за почеток на преговорите со Европската унија, процес со кој градиме држава по европски стандарди и со што стануваме рамноправни со граѓаните од Европската унија. Државноста се потврдува само во заедница со другите, а не во изолација- вели Заев.

Додека ја испраќаме 2018 година, продолжува Заев, во пресрет на деновите кога низ целата земја се собираат семејствата и пријателите за да се прослават празниците, да се подготвиме за моментите исполнети со радост, задоволство и просперитет на секој план, направивме чекори кои овозможија сега тоа да зависи само од нас.

– Да бидеме горди на тоа. Затоа, иако предизвиците се големи, да се украсиме сите ние со храброст, одлучност и да ги направиме реалност нашите желби и цели – мирна и стабилна земја, во сојузништво и со членство во НАТО и ЕУ, глобална и праведна Македонија со економија која функционира за секого. Во тој дух да го поддржиме и да му дадеме шанса на сонот на нашите генерации – порачува Заев во новогодишното обраќање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...