Мицкоски: Потребна е нова визија, во која промената треба да биде основниот двигател

Тој во 2018 година памети само црно и мачно време но за наредната очекува промени.

187

Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ во своето новогодишно обраќање посака Македонија да успее, а за граѓаните новата година да биде бериќетна, со добро здравје и семејна среќа.

Посакувам исполнување на желбите и бидете свои, единствени, со крената глава- вели Мискоски.

Тој додава дека во 2018 година памети само црно и мачно време но за наредната очекува промени.

– Во новата година потребно е да погледнеме во очите на луѓето, за да допреме до нивните срца. Да видиме што ги мачи и да се обидеме да им ги решиме проблемите. Да видиме што ги прави среќни и да им ја засилиме нивната среќа. Едноставно е, и како принцип, и како филозофија и како труд. Ама треба работа. Треба да се засукаат ракавите, да се жртвува слободното време, да се намалат удобствата на политичарите за да се зголемат удобствата на граѓаните. Потребна е нова визија, во која промената треба да биде основниот двигател. Не оди веќе вака. Секој од нас треба да се запраша дали имаме уште 30 години за тапкање во место? Дали сакаме нашите деца да ги трпат искушенијата кои ние ги трпевме? Затоа промената треба да започне од секој од нас, така ќе ја промениме и сегашноста, и ќе обезбедиме подобра иднина- вели Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...