Иванов: Да бидеме храбри пред повикот на одговорноста (ВИДЕО)

Во новогодишно обраќање, тој на граѓаните им посакува здравје, радост и среќа.

232
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до граѓаните за новогодишните празници. Во новогодишно обраќање, тој на граѓаните им посакува здравје, радост и среќа.

„Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки вредности. Ја чувствуваме потребата да бидеме солидарни, хумани, чесни и праведни. Да се сакаме, да си простуваме и да се почитуваме. Позитивните мисли што носат ведрина во овие празнични денови, треба да не водат во текот на целата година. Но, да бидеме и доблесни да ги признаеме сопствените грешки и пропусти и да учиме од нив. Да бидеме храбри пред повикот на одговорноста и сите заедно да се посветиме и да градиме праведно општество засновано врз вистината, слободата и мирот. Само во успешна и просперитетна татковина ќе можеме да ги оствариме нашите  желби“, напиша претседателот во честитката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...