Македонците годинава на леб и вода

Во текот на годината едно домаќинство просечно трошело 103,1 килограми компири, 65,4 килограми пиперки, 49,8 килограми домати, 48,9 килограми разновиден свеж зеленчук, 37,5 килограми зелка, 35,4 килограми кромид и лук, 26,7 килограми краставици, 21,6 килограм грав и само 4,6 килограми грашок и боранија.

301

Македонските граѓани најмногу консумираат леб, јајца, компири, млеко и безалкохолни пијалаци.

Статистиката покажува дека лани едно домаќинство трошело 272,2 килограми леб. Количината леб што ја конзумирало едно домаќинство во 2017 година е поголема од 2016 година, кога просечно едно трошело 262,6 килограми леб.

Во текот на годината едно домаќинство просечно трошело 103,1 килограми компири, 65,4 килограми пиперки, 49,8 килограми домати, 48,9 килограми разновиден свеж зеленчук, 37,5 килограми зелка, 35,4 килограми кромид и лук, 26,7 килограми краставици, 21,6 килограм грав и само 4,6 килограми грашок и боранија. Преработките од зеленчук биле застапени во македонското мени со 17,4 килограми по домаќинство.

Од овошје најмногу се јадело тропско 60,8 килограми, потоа лубеници и дињи 48,8 килограми, следуваат јаболката со 39,5 килограми, 17,6 килограми, 15,3 кајсии и праски, и по 2,7 килограми круши и цреши.

Меѓу месото најзастапено на трпезата било пилешкото. Годишно, покажуваат податоците, едно домаќинство консумира 44,8 килограми пилешко месо, 40,1 килограми преработки од месо, 25,6 килограми јунешко и телешко месо, 22,1 килограми свинско месо, 1,8 килограм јагнешко месо. Други видови месо биле консумирани по 3,2 килограми од домаќинство.

Свежа и замрзната риба годишно едно домаќинство потрошило 20,8 килограми, а преработките од риба 2,7 килограми.

Едно домаќинство во Македонија годишно пие 125,6 литри млеко и 75,5 килограми кисело млеко и јогурт. Сирење годишно консумираат 38,2 килограми и други млечни производи 11,9 килограми.

Едно македонско семејство годишно консумира 9,6 килограми кафе и какао, а јаде 26,3 килограми чоколада и кекс.

Меѓу пијалаците најчесто се консумирале безалкохолни пијалаци 211,3 литри, потоа 404 литри пиво, 6,3 литри вино и два литра жестоки пијалаци.

Годишно едно домаќинство трошело 153 кутии цигари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...