Гинекологија Чаир со реновирани операциони сали

119

Денеска беше пуштен во употреба новиот комплетно реновиран гинеколошки оперативен тракт на болницата „Мајка Тереза“.

Болницата информира дека потребата за влегување во ваков потфат произлегла од две нешта: од една страна, по неговата изградба пред 4 децении, овој дел не претрпел обновување. Од друга страна, постојаниот тренд за зголемување на обемот на работа на ова куќа, со сукцесивно зголемување на бројот на породувања од 10 отсто годишно во 3-те последни години.

– Се радувам што со Новата година, пациентите на нашата куќа ќе добиваат услуга на повисоко ниво, а нашите колеги прекрасни услови за работа. Конечно, сакам во името на целиот персонал на СБГА Мајка Тереза, да упатам јавна и огромна благодарност до компаниите „Алма-М“, како главен донатор, како и „Ефтинија Импектс“ и „Темпо 99“ – изјави директорот на болницата Башким Исмаили.

За овој проект компаниите издвоија над 6.000.000 денари за целосна реконструкција на 420 м2 простор, со комплетно реновирање на двете гинеколошки операциони сали со поставување на централен довод на гасови во истите, реновирање на одделот на интензивна нега и на сите помошни простории неопходни за работата на тимот на трактот.

– Како општествено одговорна компанија, ние имаме годишен буџет за донации. Досега поголемиот дел на нашите донации биле насочени кон обрзованието. По неколку разговори и состаноци со директорот на клиниката др. Башким, одлучивме нашиот буџет за оваа година целосно да го насочиме кон оваа клиника и да извршиме реновирање на овој тракт. Оваа одлука ја донесов бидејки инвестициите во образованието се многу важни во градењето на подобра иднина, но инвестициите во здравството спасуваат животи – изјави Муарем Муртезани, сопственик на Алма-М.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...