Лимак неуморно крева прашина ГАЛЕРИЈА

1719

Компанијата Лимак холдинг која го гради комплексот Дајмонд во Скопје, и покрај јавните укажувања и предупредувања од инспекторите, продолжува да ги прекршува правилата кои се предвидени во борбата против загадувањето.

Имено, камионите од ова градилиште секојдневно излегуваат со калливи тркала и зад себе креваат облаци од прашина. Целата улица е покриена со земја која паднала од тркалата на камионите.

Дознаваме дека неколку пати досега компанијата била предупредена од градските инспектори, па дури и биле поднесени и казни, но правилата и натаму се кршат и неуморно се загадуваат воздухот и околината со прашина и со земја која се ископува од градилиштето.

Дали Лимак холдинг вака гради и во Турција?

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...