Рускоска: Оние кои не се амнестирани ќе се гонат за „тероризам“

574

Обвинителката Вилма Рускоска, во изјава за „Макфакс“ вели дека по амнестијата, во завршните зборови за насилствата во Собранието минатата година, нема да има никаква преквалификација, допрецизирање или било какви промени на обвинението за случувањата во Собранието од 27 април минатата година.

Обвинетите кои не се опфатени со амнестијата, ќе се гонат по член 313, „Тероризам“ од Кривичниот законик.

– Обвинението си останува исто, Законот за амнестија не го опфаќа членот 313 „Тероризам“, оние кои не се амнестирани остануваат на обвинителна клупа -, вели Рускоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...