Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо синоќа за првпат постигна гол против Жирона и тоа не еднаш, туку четири пати ја затресе мрежата на противникот.
Реал победи со 6:3 на средбата одиграна во рамките на 29. Коло по кое единствена екипа против која играл Роналдо во шпанската Примера, а при тоа не постигнал гол останува Леганес.
Жирона стана 32. тим против кого Португалецот реализирал.
Воедно Роналдо синоќа го постигна јубилејниот 50 хет-трик во кариерата.